RSS

Македонски кежуал приказни (2)

27 јан

* Генерал Стојанче Ангелов, воен ветеран од војната во 2001 и лидер на политичката партија Достоинство заминува во Сомалија за да обезбедува бродови од напади на пирати. Мислам дека коментар за ова не е потребен… Сликата е повеќе од потресна… Херојот од пред 11 години денес треба да си го вади лебот како платеник… Што и да напишам ќе биде недоволно… Според информација објавена од опозицискиот портал Плусинфо, Ангелов истакнал дека лошата финансиската состојба во која се наоѓа неговото семејство го натерала да се одлучи на тој чекор. Во меѓувреме „борците за човекови права“ од ОНА чекораат кон добивање на пензии… Пензии заслужени со убијства и масакрирања  на Македонци. Генерале да даде Господ да се вратите жив и здрав дома!!!

*На Борјан Јовановски му ги отекоа јајцата со „трансот“ околу ракометарите… Незнам што му се запнаа на човекот, тој можеби едноставно не сака да гледа ракомет… Само некако ми е сумливо… И Гордан Ѓорѓиев се јави од „јужна“, повикувајќи да не ги оптеретуваме македонските ракометари со големи очекувања… Леко ја иронизираше „Гоцевата раса“… Аман бе… Тодор не чини… Ванчо не чини… Сарафов и така и така… Сега и Гоце ли им смета на социјалдемократите… Ама тие можеби се дел од некоја друга раса… Од времето на АВНОЈ.

* Општина Чаир е на пат да ги промени имињата на четири училишта на нејзина територија… На мета се „Рајко Жинзифов“, „Јане Сандански“, „Цветан Димов“ и „Никола Вапцаров“… Од новите предлози за имиња на училиштата ми е познато само името на Хасан Приштина… Тој имал „на ти го дај ми го“ со Тодор Александров во однос на релациите со браќата Срби… Сител информира дека помеѓу имињата на познати Албанци, што ќе ги заменат горенаведените имиња на личности од македонската историја имало и албански радикали… Изгледа мислаат на Хасан Беј Приштина…

 
Leave a comment

Posted by на Јануари 27, 2012 во Кежуал мисли

 

Ознаки: , , , , , , , ,

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

 
Follow

Get every new post delivered to your Inbox.